Друштвото за инженеринг и консалтинг Чакар Партнерс" од Скопје ќе го изработува проектот за изградба на нов магистрален патен правец од Охрид до Пештани. Договорот кој Агенцијата за државни патишта го потпиша со Чакар Партнерс" предвидува изработка на основен проект за новата траса која ќе поминува по падините на планината Галичица, над постоечкиот пат од Охрид до Свети Наум, вклучувајќи и проект за врската на А3 со Охрид и врската со Р1301 (Р-501) кај Пештани. Новиот пат треба да почне да се гради од селото Косел и да завршува кај граничниот премин Свети Наум на македонско-албанската граница. Од Агенцијата за државни патишта неодамна информираа дека Владата го има вклучено зафатот во сопствената програма за работа, при што истиот е зацртано да се реализира во периодот од 2013 до 2019 година.
Друштвото за инженеринг и консалтинг Чакар Партнерс" од Скопје ќе го изработува проектот за изградба на нов магистрален патен правец од Охрид до Пештани.
Договорот кој Агенцијата за државни патишта го потпиша со Чакар Партнерс" предвидува изработка на основен проект за новата траса која ќе поминува по падините на планината Галичица, над постоечкиот пат од Охрид до Свети Наум, вклучувајќи и проект за врската на А3 со Охрид и врската со Р1301 (Р-501) кај Пештани.
Новиот пат треба да почне да се гради од селото Косел и да завршува кај граничниот премин Свети Наум на македонско-албанската граница.
Од Агенцијата за државни патишта неодамна информираа дека Владата го има вклучено зафатот во сопствената програма за работа, при што истиот е зацртано да се реализира во периодот од 2013 до 2019 година.
Техничката документација ќе се работи во период од 18 месеци и треба да се комплетира до март 2014 година, а за оваа намена се одвоени 79.667.346 денари, односно околу 1,3 милиони евра.
Постоечкиот пат од Охрид до Свети Наум е во мошне лоша состојба, особено делот јужно од месноста Свети Стефан. Огромни дупки и изгребан асфалт, уништени и застарени сообраќајни знаци, зарѓани и искорнати одбојни огради на критичните места и намалена ширина на коловозните ленти се дел од опасностите што секојдневно ги демнат возачите на оваа делница. Одредени сегменти од патот не се обновени уште од неговата изградба во далечната 1969 година.
Новиот магистрален пат во должина од 39 километри е предвидено да има две коловозни ленти со широчина од по 3,75 метри, а вкупната инвестиција се проценува на над 70 милиони евра.